Хакан Чалханоглу ова лето како слободен играч од Милан се пресели во Интер и стана предавник за голем број од росонерите, но Турчинот вели дека има и такви кои го сакаат.

  • Сум се сретнал со многу фанови на Милан бидејќи често со мојата фамилија јадеме во ресторан. Тие бараат да се сликаат со мене и велат дека ме сакаат. Не сум имал проблем со никој во Милан, се уште сум во контакт со моите поранешни соиграчи. Ако постигнам гол во дербито со Милан, ќе го правам тоа што вообичаено го правам. Поминав четири добри години во Милан, имам многу пријатели таму. Имаше и тешки периоди, но последните две сезони беа подобри од првите две, вели Чалханоглу.