Доларот повторно расте

608

Вредноста на доларот на светските берзи според кошничката на валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, зајакна за 0,1 отсто, на 105,17 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,3 отсто, на 137,02 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,17 отсто, на 1,0515 долари.