Франција става крај на мароканскиот сон

104
epa10321525 Olivier Giroud (2-L) of France celebrates with teammates after scoring his second goal during the FIFA World Cup 2022 group D soccer match between France and Australia at Al Janoub Stadium in Al Wakrah, Qatar, 22 November 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Без дилема, репрезентацијата на Мароко е најпријатното изненадување кога е во прашање Светското првенство во Катар. Африканците одиграа совршено во групната фаза, реми со Хрватска и победа над Белгија, но вистинското лице го покажаа во 1/8 финалната и 1/4 финалната рунда кога со помош не пенал-рулетот прво ја елиминираа фаворизираната Шпанија, а потоа со минимални 1:0 ја добија и пресметката против Португалија. Следен противник на Мароканците и тоа во полуфиналето е бранителот на тронот, репрезентацијата на Франција. „Галските Петли“ се прошетаа во групната фаза, а потоа ги елиминираа селекциите на Полска и Англија. Далеку од тоа дека Мароко нема никакви шанси кога е во прашање денешниот (20:00 ч.) полуфинален дуел, но Франција важи за голем фаворит најмногу поради фантастичниот Килијан Мбапе и безвременскиот Оливие Жиру.

  • Искрено, не беа дел од тимовите кои очекувавме да бидат помеѓу најдобрите четири репрезентации на СП 2022. Сепак, не станува збор за некое големо изненадување ако се земе впредвид кои репрезентации ги елиминираа на патот до полуфиналето. Примија само еден гол на петте одиграни натпревари и затоа се тука, покрај нас. Честитки до Мароко, до нивниот селектор Валид Реграгуи. Во среда и тие ќе размислуваат како нас, како да дојдат до финалето. Сериозно ќе се подготвиме за тој дуел, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

Неговиот колега од спротивната страна, Валид Реграгуи, откри дека е особено горд на фактот дека благодарение на Мароко, Африка повторно се врати на фудбалската мапа.

  • Африка повторно е дел од фудбалската мапа благодарение на Мароко. Го имаме потребниот менталитет за да направиме нешто големо. Сфесни сме дека можеме да станеме дел од историјата на Африка, а тоа е мотив плус за нас. Го имаме потребниот став, потребното однесување и посветеност. Ќе играме за нас, за Африка. Никогаш не му е лесно на африканскиот тренер, луѓето мислат дека не може една африканска репрезентација да игра тактички, технички фудбал. Ние докажавме дека и тоа е можно, изјави предводникот на Мароко.