Доволно е само да ја погледне, веднаш паѓа на шармот

541

Иако дава впечаток на човек кој на мравка не би згазнал, изминатите неколку години беше актуелен поради низата љубовни афери и краткиот престој во затворската келија. Едноставно, слаб е на убави жени. Пред неколку дена, по подолга пауза, се појави во јавноста и уште еднаш докажа за каков мајстор станува збор кога е во прашање понежната половина.

Откако во јавноста беа пласирани деталите од неговиот приватен живот веднаш го доби прекарот сексуален предатор. Сигурно едно од најдобрите леви крила во фудбалската историја во 2022 година заврши на суд, а се уште нема разврска околу тој случај.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, се појави во јавноста заедно со неговата атрактивна девојка, Зара Чарлс која е 14 години помлада од него.

Гигс беше на фризер, а неговата девојка стрпливо го чекаше пред салонот. Папараците го снимија моментот на неговата романса која е повеќе од идилична. Поранешниот репрезентативец и селектор на Велс се соочува со затворска казна поради физичкиот напад врз поранешната девојка Кејт Гревил. Судот одлучи дека случајот ќе биде разгледан на крајот од годината.

Гигс тврди дека е невин е потврди дека е разочаран од ослуката за повторно судење затоа што месеци ќе живеел во неизвесност.

Поранешниот крилен напаѓач на „црвените ѓаволи“ е познат и по тоа дека може да ја има секоја девојка која ќе ја посака. До сега имаше голем број на афери, а на зелениот терен беше познат како мирен и дисциплиниран фудбалер.

Убедливо најголем скандал е тој кога спиеше со сопругата на неговиот брат. Таа подоцна и абортираше. Неколку недели подоцна, неговиот татко се откажа од него и јавно застана на страната на неговиот брат, Родри.

  • Сите ние имаме одредена слабост. Слабоста на Рајан беше таа секогаш кога ќе излезе во град, мора да спие со некоја жена. Рајан е сексуален манијак. Не го мразам, жал ми е за него, изјави Родри пред неколку години.

Десет години Рајан беше во брак со Стејси, со кого има и две деца, а потоа беше со Кејт Гревил, која го обвини за сексуално и физичко малтретирање.

Поради тој напад, Гигс пред три години беше уапсен и неколку дена помина во затворската келија.

  • Јас сум сериски љубовен измамник. Го лажам секој партнер. Не можам да одолеам на атрактивна жена, изјави Гигс за време на судскиот процес во 2022 година.

И покрај сите глупости, атрактивната Зара и понатаму му верува, но прашање е до кога.