Изминатиот викенд беше спуштена завесата во англиската Премиер лига. Ерлинг Халанд е најдобар стрелец, го сруши рекордот на Енди Кол, но поранешниот репрезентативец на Англија не е ни малку импресиониран.
Норвешкиот интернационалец со 36 погодоци е најдобар срелец во сега веќе изминатата сезона во англиската Премиер лига. Претходно, рекордот со постигнати 34 погодоци, го делеаа Енди Кол и Алан Ширер.
За време на разговорот кој го имаше со британските медиуми, поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед откри дека не е импресиониран од фактот дека Халанд го има срушено неговиот рекорд.
- Искрено, не ми беше гајле. Јас сум искрен. Можеби некои луѓе се фрустрирани, па зборат дека сиугурно сум бил разочаран. Зошто? Затоа што некој постигнал повеќе погодои од мене? Беа потребни повеќе од 20 години за да некој се доближи толку блиску. Ќе се упатам кон мојот кревет и ќе си кажам: „О мој Господе, дали тоа некој го сруширл мојот рекорд?“. Не, ќе му симнам капа. Во еден момент и вашиот рекорд ќе биде срушен. Најлудо од се е што сите се обидуваат да заборават што има направено Манчестер Јунајтед. Зборат дека овој тим на Сити е посупериорен, а тој тим се обидува да го постигне тоа кое веќе го постигна Јунајтед, изјави Кол.
Сосема нормално, Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата и најдобар млад играч. Норвежанецот е првиот фудбалер кој ги има освоено двата трофеја во истата сезона.
Напаѓачот на Сити ја освои и „Златната копачка“, а доколку слави и во Лигата на шампиони, тогаш ќе биде во игра и за „Златната топка“ на Франс Фудбал. Во сите натпреварувања, Халанд вкупно постигна 52 погодоци.