Спортистите најчесто се прва мета на обложувачите кои поради нивниот пораз загубиле одредена парична сума, па мислат дека правдата ќе ја добијат со смртна закана.

Меѓутоа, какви видови на закани добиваат и други на овој или оној начин вклучени во спортот. Еден од тие е и УФЦ-репортерката Лаура Санко (36). И оваа девојка беше професионален спортист како борачка (одработи само една УФЦ борба во 2013 година), но потоа започна со нова работа во која шанса ѝ даде самата ММА продукција. Таа неодамна имаше разговор и со првиот човек на УФЦ, Дин Вајт, на кого му откри со какви се закани се соочила во текот на кратката кариера.

  • Овој свет е чуден. Добивав закани дека ќе бидам избодена и дека некој ќе ги повреди моите најблиски. Се поради работење на својата работа. Но, исто така добивав и фотографии од пе*ис, па сè до смртни закани. Сето тоа ме направи посилна за да дојдам до ова ниво на кое сум сега, напиша овој пат Лаура Санко на својот Твитер профил.

Кој и да се заканувал, оваа атрактивна репортерка силно го минала сето тоа, а воедно им испрати моќна порака на сите што секојдневно добиваат закани.

  • Никој не смее да ве исплаши. Не ви можат ништо, додаде Санко.

Јавноста ја цени поради тоа што има високо познавање во овој спорт