Дали Ѓоковиќ ќе добие казна заради пораката – Косово е срцето на Србија?

224
epa10623488 Novak Djokovic of Serbia in action against Tomas Martin Etcheverry of Argentina during their Men's singles second round match at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 12 May 2023. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на грен слем турнирот Ролан Гарос. Тој на стадионот „Филип Шатрије“ го совлада Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ со 6:3, 6:2, 7:6 за два часа и 26 минути.

Новак по натпреварот напиша моќна порака за поддршка на Србите на Косово кои деновиве минуваат низ многу тешки моменти:

„Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“, напиша Ѓоковиќ.

Моќната порака на Ѓоковиќ по пласманот во вториот круг на Ролан Гарос, одекна низ светот. Веднаш се појавија бројни шпекулации дека српскиот ас може да биде жестоко казнет поради пораката што им ја испрати на своите луѓе во оваа тешка ситуација, но од тоа нема ништо!

„Не постои официјално правило за тоа што еден играч може, а што не може да каже. Француската тениска федерација повеќе нема да биде вклучена во оваа работа, ниту пак ќе покрене натамошна постапка“, соопштија организаторите на турнирот во Париз.

Новак на прес-конференцијата по натпреварот изјави и дека не се кае за својот гест и дека повторно би го направил истото.

„Јас не сум политичар и немам намера да навлегувам во политички прашања, ме боли како Србин кога гледам што се случува на Косово, како се протеруваат нашите луѓе. Се чувствувам одговорен како јавна личност, како син на човек кој е роден во Косово имам дополнителна одговорност.Не знам што носи иднината за Србија и Косово, но поважно е да се покаже хармонија. Имаше многу забелешки од меѓународните новинари, немам дилеми да направам повторно, можеби ќе ме казнат“.

Откако Новак, објасни зошто го направи тоа, пристигнаа нападите од Приштина, а потоа и соопштението на Тенискиот сојуз на „Косово“. Оваа институција тврди дека поради однесувањето на најдобриот тенисер во историјата ќе бара казна – од самиот грен слем турнир во Париз, но и од АТП.

„Ѓоковиќ повторно провоцира со националистичка поддршка! Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со своето националистичко и шовинистичко однесување преку провокации против државата Косово. По мечот на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ на камерата каде што беа снимени пораките на победникот на мечот. Ѓоковиќ напиша „Косово е срцето на Србија „Стоп за насилството“. Не се преземаат казнени мерки против ваквото однесување кое многу често се повторува и тоа не може да се оправда. Тенискиот сојуз на Косово силно ќе ги брани вредностите и достоинството на земјата и нејзиниот народ, но истовремено и во одбрана на вредностите кои тенисот како спорт воопшто ги пренесува, а тоа се единство меѓу луѓето, надеж, радост и страст за инклузивност. Тениската асоцијација ќе побара од Ѓоковиќ да бидат казнети од Меѓународната тениска федерација АТП и Ролан Гарос како организатор на турнирот“, се вели во соопштението на Тениската федерација на Косово.