Њукасл ќе потроши повеќе од 250 мил. евра

126
epa10203121 Neymar Jr of Brazil reacts during the International Friendly soccer match between Brazil and Ghana in Le Havre, France, 23 September 2022 (issued 24 September 2022). EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Англискиот премиерлигаш Њукасл пријатно ја изненади фудбалската јавност откако по пауза од 20 години обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

Сите во клубот, а особено менаџерот на „црно-белите“, Еди Хау, се во екстаза поради летниот преоден рок кога сигурно ќе биде потрошена сериозна парична сума на новите фудбалери.

Познато е дека Њукасл има ултра богати сопственици за кои само небото е граница и кои беа никаков проблем можат да го купат било кој фудбалер.

Британските медиуми открија дека Њуаксл нема да биде ниту сркржав ниту срамежлив за време на летниот преоден рок и дека сите во клубот се сложи дека мора да направат нешто големо пред старот на новата сезона.

Како што пренесува шпански „АС“, менаџерот на „црно-белите“ сака да направи нови „Галактикоси“, како што го направи Реал (М) пред 20 години. Убедливо, најголема желба на Хау, е капитенот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн, кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Англија има договор со „петлите“ до 2024 година, но Кејн не крие дека сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони. Хау е убеден дека Кејн може да биде идеален партнер на Калум Вилсон или Александар Исак, но понудата не смее да биде помала од 80 мил. фунти.

Второ име на списокот ни малку ни повеќе е тоа на бразилскиот интернационалец Неимар. Обештетувањето за фудбалерот на ПСЖ не би требало да преставува некаков проблем за сопствениците на Њукасл.

На долгиот список кој што го состави Хау можат да се прочитааѕ и имињата на Џејмс Медисон (Лестер), Рајан Гравенберх (Баерн М.) кој преговара со Ливерпул, потоа Муса Дијаби (Леверкузен) кој е голема желба на Арсенал, Жоао Феликс (Атлетико М.), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Самуел Чукуензе (Вилјареал), Еберечи Езе (Кристал Палас), Мохамед Кудус (Ајакс) и Доминик Собосзлаи (РБ Лајпциг).