„Дали сте сè уште тука?” : Четири години по нападот, „Шарли Ебдо” го осудува општеството „уморно” од борбите на весникот

43

Сатиричниот неделник објавува меморијално издание со датум од сабота, 5 јануари, во кој многу малку се зборува за нападот на кој беше жртва редакцијата на весникот пред четири години, јавува дописникот на МИА.

Комеморативното изданието на Шарли Ебдо, прави многу темен портрет на француското општество кое станало “анти-просветителско”.

„Многумина веќе се уморни од битките на весникот”, пишува редакцијата на Шарли Ебдо. На насловната страница на ова специјално издание на црната заднина се прикажува епископ и имам кои дуваат на свеќата, чие светло го осветлува цртежот на насловната страница на историското издание на весникот од 14 јануари 2015 година, од која се гледа само текстот „Сè е простено”.

Во остриот уреднички вовед, насловен “Дали сте сè уште тука?”, карикатуристот Рис, уредник на Шарли Ебдо, жали за тоа што “за четири години ситуацијата во однос на исламистичкиот тоталитаризам се влошува. Како и чудовиштето од Алиен кое без прекин ги несе своите јајца, богохулењето испили нови малечки … (…) Сè стана богохулно “.

Освен уредничкиот коментар, ова специјално издание на неделникот нмалку зборува за нападот од 7 јануари 2015 година, во кој загинаа 12 лица од неговата редакција. На двојната централна страница, цртежот од јуни покажува “обскурантисти” кои ја слават годишнината од нападот: цртежот се гледа меѓу другите и папата, неколку членови на семејството Ле Пен, Диедоне (хуморист осудуван за неговите испади), Ерик Земун (новинар едиторијалист со крајно десничарски ставови), Доналд Трамп, Сирил Хануна (контраверзен телевизиски водител)или писателот Мишел Холебек.

“Тоа не се само нашите лични приказни [кои ги забораваме], туку исто така го заборавем и значењето на тоа што ни се случило. Имаме впечаток дека им го вртиме грбот на ова, но овие феномени ретроградни реакции се присутни, дури и повеќе од пред 4 или 5 години “, вели Рис за АФП. “Повеќе не е само непријателство што доаѓа од религиозните екстремисти, туку и од интелектуалци”, вели со загриженост Рис