Бесплатен паркинг на Божик во Охрид

43

Паркинг просторот со кој стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде бесплатен на Божик, 7 јануари.

– Во духот на Христовото раѓање, ЈП „Билјанини извори“ ја донесе ова одлука како почит кон еден од најголемите христијански празници за православните верници, соопштија од претпријатието.

ЈП „Билјанини извори“ на сите православни верници им го честита празникот и им посакува многу здравје и просперитет.