Грчката полиција промовира нов тим за управување со јавни собири Атина

32

За време на денешните мали собири во Атина за одбележување на годишнината од студентскиот бунт против хунтата, грчката полиција го активираше новиот тим за управување и одредување на јавни собири, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор специјално обучен тим од 46 полицајци, од кои поголемиот број (28) се жени и задолжени се за управување на протести од мала или средна опасност, како и за комуникација со организаторите за да се избегнат тензии. Немаат оружје, а се опремени со радиостаници, свирче, светло и сет за прва помош.