Македонски ракометен репрезентативец Кирил Лазаров, е еден од двајцата позитивни на Ковид-19 во составот на француски Нант, објавија француските медиуми и затоа нема да игра против Целје во Лигата на шампионите.

Според информациите македонскиот репрезентативец се чувствува добро и нема симптоми.

Второто име позитивно на ковид -19 во францускиот тим е шпанскиот ракометар Адриа Фигуерас.

ЕХФ го одложи мечот, а засега не е одреден друг термин во кој ќе се игра натпреварот.