Кошаркарот на Голден стејт, Дрејмонд Грин, доби суспензија од шест натпревари и казна од 25.000 долари поради дивјачкиот однос на натпреварот против Минесота. Сакајќи да ја прекине тепачката меѓу Џејлен Мекданиелс и Клеј Томпсон, тој го фати Руди Гобер за врат и го влечеше наназад. Поради тоа веднаш беше исклучен, а суспензија добија и Томпсон и Мекданиелс, со по 25.000 долари.

Инаку, ова не е првпат Грин, кој е познат како еден од „највалканите“ играчи во НБА, да реагира бурно. Во текот на кариерата, беше суспендиран четири пати. Нему му беа досудени 171 техничка грешка, 20 неспортски, 19 пати беше исфрлен од меч и во кариерата потроши вкупно 1,4 милиони долари за казни.