Граѓански здруженија в сабота на протест “Стоп за уништувањето на Попова Шапка”

44

Граѓански здруженија за в сабота најавуваат протест “Стоп за уништувањето на Попова Шапка”.

– На 12 јануари со почеток во 11 часот ве покануваме да протестираме сите заедно кај жичницата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар. Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци. Да се мобилизираме што повеќе за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка. Да ја спасиме Попова Шапка – стои во повикот за протест.