Градоначалникот на Благоевград се премислил:Сепак ќе има отворање на клубот „Никола Вапцаров“

    32

    „Скромната прослава ќе се одржи со следната програма: отворање со поздрав кон присутните,  осветување според христијанските обичаи, поздрави од официјалните гости на прославата, положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата“, продолжува написот.

    Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а ќе има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.