Го прескокна дијалогот: Бајден заспа на средбата со израелскиот премиер/ВИДЕО

163

Американскиот претседател Џо Бајден задремал на средбата со премиерот на Израел, Нафтали Бенет во Белата куќа за усогласување на ставовите кон Иран.

Средбата Бајден – Бенет се одржа пред два дена, од која се очекува да се намалат тензиите помеѓу САД и Израел настанати за време на мандатите на поранашниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

На снимката објавена на социјалните медиуми се гледа како Бајден спие додека Бенет зборува за иднината на односите помеѓу двете држави.