Во октомври минатата година, легендарниот бек на НФЛ, Том Брејди се разведе со неговата сопруга, поранешната манекенка Жизел Бундхен. Сепак, Американецот не беше сам долго време. Неговото срце го освои убавата Словачка, Вероника Рајек, која е речиси две децении помлада од него.

Американските медиуми почнаа да пишуваат за новата романса на рагбистот, со словачката манекенка Вероника Рајек (27). Тие наводно имале аферано не се знае дали останале заедно. Вероника го следеше Том на натпреварите минатата сезона, редовно фотографирајќи се во неговиот дрес. Таа за медиумите изјави дека е само голем фан и обожавател на Брејди.

Посебно што Вероника Рајек се уште официјално е во врска со Виктор Рајек, со кој се омажи во 2019 година. Нејзиниот сопруг е бизнисмен од Виена. Неодамна во една исповед откри дека во пубертетот била малтретирана од врсниците. Ја малтретирале велејќи дека е „права како даска“ и ја нарекле „жирафа“. Но, Рајек е личност која знае добро да се пошегува. Во еден подкаст, кога ја прашале за нејзините гради, таа рекла дека се случило чудо на одмор во средно училиште кога била со баба и дедо на одмор, работела на поле и овоштарник, а слободното време го користела да пие домашно пиво и да се сонча гола. И затоа и пораснаа градите со кои сега го улови еден од најдобрите спортисти во светот.