Фудбалската репрезентација на Германија, забележа голема победа во дуелот со бранителот на титулатан на Европското првенство, селекцијата на Португалија со 4:2.

Први до водство стигнаа Португалците, со голот на Кристијано Роналдо на почетокот од натпреварот, меѓутоа следеа два автогола на Диаз и Гереиро во португалската мрежа, па Германија замина со предност од 2:1 на паузата.

На стартот на вториот дел, Госенс асистира до Хаверц за 3:1, а во 60. минута Госенс го комплетира феноменалниот натпревар со гол. Португалците го ублажи поразот преку Жота во 67. минута по асистенција на Роналдо за конечни 4:2.

По две кола во групата Ф, Франција е прва со четири бода, пред Германија и Португалија со по три. Унгарија е последна со еден бод. Во последната рунда Португалија игра со Франција, а Германија се среќава со Унгарија.