Георгиевски: Обезбедени се 250 легнати полицајци, набргу ќе бидат поставени

445

Жители на општина Гази Баба бараат да се постават лежечки полицајци.

Така, Димитар Китановски на фејсфук-профилот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, напишал дека е неопходно лежечки полицајци и сообраќајни знаци да се постават кај училиштето во Стајковци, додека Симона Арсовска смета дека под итно треба да се стават легнати полицајци на улицата „Сава Михајлов“, во населбата Ченто.

-Треба под итно да се стават легнати полицајци зашто летаат со мотори и автомобили по улицава. Има многу мали деца, едно да истрча од уличките толку ќе биде. Многу е опасно – реагира Арсовска.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, вели дека се обезбедени 250 легнати полицајци кои набргу ќе почнат да се поставуваат на целата територија на Гази Баба, во сите населени места каде што е потребно, вклучително и на локациите кои ги посочиле жителите.