Десетици климатски активисти денеска протестираат пред седиштата на големите банки во Цирих против нивното финансирање на проекти за фосилни горива, што и штетат на животната средина.

Демонстрантите се собраа во финансискиот центар на Цирих, пред седиштата на банките Кредит Свис и УБС.

– Кредит Свис и УБС досега се направија освен соодветна реакција на климатската криза. Затоа движењето за климатска правда денеска ги окупира седиштето на банката Кредит Свис и канцелариите во близина на банката УБС со цел да го сврти вниманието кон последиците од пасивноста и негрижата на швајцарските финансиски институции, изјави портпаролката на групата Стани за промена, Фрида Колман.

Активистите и минатата недела протестираа пред седиштето на Кредит Свис, претставувајќи се како претставници на швајкцарската банка и најавувајќи стопирање на финансирањето на проектите за фосилни горива.