Во 2022 година 4,5 милијарди денари за земјоделски субвенции

42

Буџетот за агросекторот за 2022 година изнесува околу 9,13 милијарди денари со кој ќе се овозможи континуитет во реализирањето на мерките и политиките за развој на земјоделството.

-Буџетот на МЗШВ за 2022 споредено со 2021 година е зголемен за околу 255,7 милиони денари и овие средства главно се наменети за проектите за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор, креиран од потребата за стабилно наводнување и е во насока на намалување на влијанието на климатските промени, изјави заменик-министерот, Трајан Димковски.

Останатите средства се наменети за инвестиции во земјоделството и руралниот развој во износ од 279.880 милиони денари, за шумарскиот сектор, во износ од 223,52 милиони денари, фитосанитарната политика за заштита на растенија и семе и саден материјал е поддржана со над 67,3 милиони денари.

Платежната агенцијата ќе располага со 6,14 милијарди денари од кои околу 5,6 милијарди денари се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или подетално околу 4,5 милијарди денари се наменети за редовна исплата на субвенциите и 1,15 милијарди денари за капиталните инвестиции во руралниот развој.