Трагедија во Австрија:Лавина однесе три животи, меѓу кои и познат мотоциклист

209

Лавина во австриската провинција Салцбург, која вчера затрупа група млади скијачи, однесе три животи, меѓу кои и австрискиот мотокрос тркач Рене Хофер.

Лавината ги затрупала скијачите на планината Лакенспајс во Твенг.

Спасувачките екипи успеале да ги ископаат затрупаните скијачи, но при спасувањето на лице место била констатирана смртта на 19-годишниот Хофер и еден 24-годишник од Велс.

Деветнаесет годишниот мото крос тркач, кој бил реанимиран, им подлегнал на тешките повреди во болницата во Клагенфурт, каде што бил префрлен со хеликоптер.

Инаку, Хофер беше мотоциклист на тимот на Ред Бул, кој важеше за голем талент во мотокросот.

Во октомври, мотоциклистот на КТМ во Петрамурата, Италија, како прв Австриец по Хајнц Кинигарднер, по три децении, победи на Гран при во една од класите мотокрос во две класи на Светскиот шампионат.

Другите две жртви на лавината се исто така тркачите во мотокрос Мајкл Вајсман и Бастијан Волф.

Други две повредени лица се пренесени во болницата во Тамсверг.

Лавината погоди група од 11 скијачи од Поњау, Енстал и Горна Австрија. Започнала на околу 2.400 метри, веднаш под врвот на источната страна на планината.

Скијачите започнале лавина широка 200 метри и долга 500 метри.

Лавината затрупа со снег вкупно осум скијачи, од кои тројца загинаа целосно под снегот.

Загинатите биле затрупани со 4,5 метри снег, а немале шанси брзо да се спасат, ниту да се ослободат.