Поранешниот тренер и чичко на светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, Тони Надал зборуваше за клучот за успехот на моментно најдобриот тенисер во светот.

Тој долго работеше како тренер на Надал, но неодамна одлучи да се повлече од оваа позиција. Тој за себе истакна дека е добар тренер, но дека Рафа направил тоа да биде така.

-Јас сум добар тренер, а тоа е така заради три работи: Имав среќа да работам со така добри играчи заради што се чинеше дека сум така добар тренер, јас сум чичко на Рафаели многу е тешко да се работи со некој роднина, отколку со некој странец. Ние од Мајорка сме многу внимателни со парите, така што претходната година бев најевтиниот тренер на турнирите, изјави Тони.

Тој додаде дека не му било голем предизвик освојувањето на Ролан Гарос или Вимблдон.

-За мене тоа не беше предизвик, туку сакавме само да напредуваме. Не бев задоволен со направеното и секогаш се обидував да го држам тоа ниво на незадоволство. Секогаш мислев дека Рафа секој поен ќе го игра како животот да му зависи од тоа и дека така ќе победува, изјави Тони и се осврна на долговечноста на својот поранешен штитеник:

-Во 2005 година сите велеа дека е крај на кариерата на Надал, а сега во 2019 година тој заврши на врвот на АТП листата.