Заев: Годинава беше економски добра, со 60.000 нови работни места

71

Владата не може, а да не биде задоволна од покажаниот раст на економски план во текот на оваа година, оценува премиерот Зоран Заев.

-Лани овој период во декември проектиравме 3,5 проценти раст. Првиот квартал го завршивме со 4,1 процент. Првото полугодие во просек е 3,6, повеќе од просекот. Второто полугодие е повторно3,6, не може да не бидеме задоволни. Четвртиот квартал, во февруари, март се објавува. Верувам дека исто така ќе биде успешен, за да можеме да кажеме дека 2019 година на проектирани 3,5 проценти, а почнати пред две години на минус 1,8 проценти сме ја завршиле повеќе од проектираното и не можеме, а да не бидеме задоволни, појасни то.

Премиерот потенцира дека на овој план треба да се работи, а на постигнатото  треба да се радуваме и да се користи за наредната година да биде уште подобра.

-Оваа година беше економски добра, како и да е годината ја завршуваме со еден пресек за двегодишен период со 60.000 нови работни места. Точно, конретно се знае во која фабрика, во која фирма, во која област се вработени 59.600 граѓани. Тоа се нови квалитетни работни места, рече Заев.

Според него, меѓу успесите во делот на економијата е и зголемувањето на просечната плата за 2.297 денари, а во споредба со претходните две до три години, растот на платите е 800 или 750 денари.

-Минималната плата сега почнува од 1 јануари со 14.500 денари, дополнително огромни 40 милиони евра сме обезбиделе пари за оваа, но и за следната година , за да ги поттикнеме газдите и менаџерите да ги покачуваат платите, да растат. Инвестираме навистина во човечкиот капитал, рече Заев.

Тој нотира и дека за повеќе од 14,5 проценти има пораст на севкупната трговија, потоа 5,5 отсто е растот на индустриското производство, а расте и извозот, но и влегуваат нови странски инвстиции. Заев смета дека Владата е на вистинскиот пат и во делот на политичките чекори, со кои како што рече, дојде поканата и членството во НАТО.

– Верувам дека во догледно време Европската унија  ќе си ги заврши внатрешните работи и дебати, за коишто дискутираат. Тоа е новата методологија, идните реформи. Но час поскоро треба да ја исправи историската грешка, којашто ја напрви за нашата земја, вели Заев.