Во Јуве вешто се крие големиот проблем

103

Поради ремито (2:2) против Сасуоло, Јувентус ја загуби лидерската позиција во италијанската Серија А, кој моментално е во сопственост на Интер. Бранителот на тронот веќе подолг период игра под очекуваното ниво, а легендарниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано, тврди дека точно знае зошто „старата дама“ игра просечно под водство на Маурицио Сари.

  • Мислам дека Роналдо има сериозен проблем со Сари. Тие двајца мораат да најдат некакво решение затоа што тој проблем веќе влијае врз целиот тим. Сигурно постои некаков проблем, кој раководните лица на Јувентус вешто го кријат, тврди Касано.

Португалскиот интернационалец постигна седум погодоци во актуелната сезона, а против Сасуоло успешно го реализираше ударот од белата точка и стави крај на голгетерскиот пост од месец дена.

Исто така, Касано смета дека легендарниот 41-годишен Џанлуиџи Буфон треба да биде прв голман на Јуве, а не полскиот интернационалец, Војчех Шчесни, кој има 29-години.

  • Буфон треба да брани затоа што е подобра опција од Шчесни, кој беше резерва во Арсенал кога за голманската позиција конкурираа Алмунија и Фабијански. Тоа доволно кажува за каков голман станува збор. Во Рома имаше само една добра сезона и не може да се споредува со Буфон, додаде Касано.