Столтенберг: Членството на Северна Македонија е добро за земјата, но и за регионот

114

Северна Македонија беше топло пречекана на состанокот денеска. Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена, изјави пред малку генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција во Лондон.

-Веруваме дека членството на Северна Македонија ќе биде добро за земјата, но и за регионот, изјави генералниот секретар на Алијансата, кој не сакаше да коментира зошто земјава е доволно добра за Алијансата, но не и за Европската унија.