Се позагрижувачка е состојбата со коронавирусот во Косово, каде расте бројот на заразени. Во последните 24 часа од последици од инфекцијата со коронавирусот починаа уште две лица со што вкупниот број на починати од корона во Косово се искачи на 2.270.

Во истиот период регистрирани се нови 195 позитивни на коронавирусот, од 3.730 тестирани примероци. Излекувани се 21 пациент, а од почетокот на пандемијата вкупната бројка на излекувани изнесува 105.704 пациенти.

Според официјалните податоци, во Косово моментно активни се 1.065 случаи на  заболени од Ковид-19.