ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за предвремени парламентарн избори и оставка на Заев

72

ВМРО-ДПМНЕ утре да поднесе барање за распуштање на Собранието на Република Македонија и за одржување на  предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како и барање за оставка на премиерот Зоран Заев и формирање на техничка влада, се главните заклучоци од денешните седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Како што информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Централниот комитет, барањето на партијата ќе биде доставено до Собранието на Република Македонија, а тој очекува премиерот Заев веднаш потоа да поднесе оставка и да се формира техничка влада.

-Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесе барање Заев веднаш да си поднесе оставка и да се формира техничка влада, како и иницијатива за распуштање на Собранието и одржување предвремени парламентарни избори на ист трошок со претседателските, изјави Мицкоски пред седиштето на Партијата.

Тој порача во нардните неколку дена СДСМ да донесе одлука за, како што рече, да можат да видат граѓаните кој бара избори, а моли Бога да не ги добие.

Нагласи дека ќе инсистира техничката влада да се формира по Пржинскиот модел, односно 100 дена пред изборите, и додаде дека не подготвен на компромиси за тоа прашање. в