Експлозија во Хаг

119

Дел од една станбена зграда се урна попладнево во холандскиот град Хаг, при експлозија нејверојатно предизвикана од истекување на гас, соопшти локалната полиција.

Холандската телевизија РТЛ Њуз јави дека „експлозија, предизвикана од засега непознати причини, довела до уривање на куќа“, при што не е исклучена можноста под урнатините да има затрупани луѓе.

Според телевизијата, властите ги евакуирале жителите на зградата, поради опасност од нејзино целосно уривање.

На местото на настанот пристигнале припадници на полицијата и противпожарната служба, како и амбулантни возила.

Засега нема потврдени информации за жртви.