Поранешниот тренер Вардар, Веселин Вујовиќ, за црногорските медиуми зборуваше за својата иднина, откако пред неколку дена ја прекина соработката со ППД Загреб.

  • Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам. Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми, изјави Вујовиќ.

Вујовиќ го водеше Вардар во периодите од 2006 до 2010 и потоа повторно од 2011 до 2013 година.