Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шот објасни дека за него е многу важно што менаџерот Оле Гонар Солскер има доверба во него, бидејќи само така лесно може да го покаже најдоброто на терен.

  • Солскер ми помогна многу во самодовербата на терен, но уште поважен беше неговиот став надвор од него, начинот на кој им помага на играчите. Тој знае што ни треба. Имав две тешки години пред да дојде. Мислам дека знаеше што ми треба и детално ме насочи кон тоа. Очигледно верува во мене и постојано ми го кажува тоа. На секој играч му е потребна самодоверба, и што е подобро од тоа тренерот да ти верува, истакна Шо.