Босанката Амира прекрасно нежно ја отпеа македонската “Ја излези Ѓурѓо“

184

Босанката Амира Медуњанин која важи за пејачка со фантастичен глас, на својот неодамнешен солистички концерт во пулската “Арена“ сите ги остави без воздух, без коментар. Всушност сите занемеа откако ја слушнале Амира како ја пее познатата македонска народна песна “Ја излези Ѓурѓо“. Врвната пејачка Амира со нејзиниот оркестар „Вечерња љубав“ со песната „Ја излези Ѓурѓо“ ги воодушеви и продуцентите од Америка кои веќе знаат за нејзиниот моќен вокал, па вратите на славата и се отвараат, од оваа есен кога пејачката преку големата бара ќе продолжи со кариерата. На репертоарот ќе се најде секако и македонската “Ја излези Ѓурѓо“. – Прекрасно, нежно, емотивно, чувствително…..стои во еден од коментарите на Американците за изведбата на Амира на песната „Ја излези Ѓурѓо“.