БЛАГОДАРНОСТ ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ И БОРБА: Зоран Кардула изработи постер за „Нина девојчето со крофните“

472
Фото: фејсбук Зоран Кардула

Македонски графички дизајнер и сликар Зоран Кардула изработи постер со кој и оддава признание на малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која продаваше крофни за лекување на својот татко.

Нина ги обедини граѓаните на Нови Сад и Србија, кои деновиве во редици чекаа за да купат крофни. Со парите што таа ги собра од продажбата нејзиниот татко треба да замине на лекување во Москва.

„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко. – би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина, напиша Кардула на Фејсбук