Биљал Касами:Имаме златна можност да гласаме за евроатплантскиот пат на земјава

60

Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами гласаше во Тетово.

– Го искористив моето граѓанско право да гласам на овие фер, демократски и сигурни по здравјето на граѓаните избори. Овие избори се многу важни за Македонија да продолжи во нејзиниот евроатлански пат или да се врати назад во необјавена диктатура во која живеевме повеќе од 10 години. Во овие избори ја имаме таа златна можност да гласаме, да продолжи евроатланскиот процес и пат на Македонија за, конечно, како што станавме дел од НАТО да станеме дел од Европската Унија за да станеме дел од развиениот европски свет и да бидеме меѓу развиените европски народи. Значи, денес ја искористив таа можност да ги повикам сите мои сограѓани да излезат да гласаат затоа што изборите се сигурни по нивното здравје, а тоа што е најважно овие избори таа златна можност да гласаат за да се продолжи евроатлантскиот пат и процеси во Македонија – истакна Касами.

Според него, земјава може уште повеќе да ги забрза процесите кон интегрирање кон Европската Унија, затоа уште еднаш порача граѓаните да ја искористат оваа можност да изберат свои претставници за да изберат продолжување на патот на интеграција на Македонија во ЕУ, како што се интегриравме во НАТО.