Битиќи: СДСМ има победа во Дојран, Крива Паланка, Лозово и во Валандово

696

Според неофицијалните информации што ги соопшти вечерва потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостувње во дебата на ТВ Телма, победуваат во првиот круг во Дојран, Крива Паланка, Лозово и во Валандово, а има сериозно водство во Бутел, Ресен, Струмица и Крушево.

Тој по прес конференцијата на генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски за прв пат соопшти некакви првични резултати од партијата.