Двократниот шамппион во Формула 1, Фернандо Алонсо, верува дека зад воланот на поконкурентен болид би имал шанса да ја освои својата трета титула во најбрциот циркуз на денешницата.

Прославениот возач моментно вози за Алпин и го зазема десеттото место во конкуренцијата на возачи, со 58 поени по 16 трки, но верува дека би изгледало поинаку доколку би возел Мерцедес или Ред Бул, чии возачи имаат околу 200 поени повеќе. Шампионот од 2005 и 2006 година последен пат победи во 2013 година, пред домашната публика во Шпанија за тимот на Ферари. Тој се врати во Формула 1 оваа година по двегодишна пауза и никогаш не бил конкурентен за победа.

Севкупно, Алонсо победи во 32 трки во кариерата, а верува дека 33-тата би дошла многу брзо доколку има подобар болид.

  • Не е лесно да се одговори на тоа прашање. Но, да, би имал доволно самодоверба за тоа. Луис Хамилтон и Макс Верстапен прават одлична работа за своите тимови, па не можам да одговорам на тоа прашање без двоумење, изјави Алонсо на прашањето кога би можел да се бори за титулата зад воланот на Мерцедес или Ред Бул.

Алонсо претходно изјави дека денес е подобар возач отколку што бил кога ја напуштил Формула 1 за да вози во „24 часа Ле Ман“.

  • Тоа е главно затоа што имам повеќе искуство. Јасно ми е што му треба на болидот за да биде брз на трките, знам како подобро да се подготвам за трка и подобро се справувам со притисокот, заврши Шпанецот.