Во светот на спортот сè почесто се појавуваат спортски манијаци, а една таква ситуација овој пат ни доаѓа од НБА лигата. Всушност, серијата сексуални напади се случиле во 2015 година, но сега конечно е затворен целиот случај. Имено, поранешниот НБА кошаркар Рашид Бирд е осуден на 90 години затвор поради серија сексуални напади.

Тој заврши со лисици на раце уште во 2020 година, по истрагата на полицискиот оддел во Лос Анџелес, врз основа на извештаите на жртвите. Бирд манипулирал со жртвите со помош на својот шарм, но и со актерските способности кои ги поседувал.

  • Почна како шармер, нагласувајќи го својот статус на спортист и псевдославна личност, но тоа брзо избледна поради силување и насилство, изјавила детективката Лара Браун од полицискиот оддел во Лос Анџелес.

Полицијата им се заблагодари на сите храбри жени кои излегоа со информации, а неговиот долг престој во затвор е олеснителна околност за заедницата.

  • Полицискиот оддел им е благодарен на храбрите жени кои дојдоа да ги раскажат своите приказни. Иако оваа истрага трае со години, ние сме благодарни што Бирд повеќе не е на улица, се заблагодари детективот.