Бело знаме поради Парти

83

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Атлетико (М) откри дека раководните лица се соочиле со суровата реалност односно дека не се во можност да го задржат во своите редовите одличниот играч за врска Томас Парти. Стандардниот првотимец веќе изјави дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок затоа што сака да игра за тим кој секоја година ќе се бори за шампионската титула и за трофејот во ЛШ. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат англиските премиерлигаши кои ќе мора да понудат најмалку 50 мил. евра.