Без одобрение поставена оптика долж улица „Индустриска“

614

По преставка од Сектор за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, извршен е инспекциски надзор од страна на инспекторите за патишта на улица „Индустриска 1“, при што се затекнати поставени инсталации за оптика од страна на А1 Македонија без одобрение од Град Скопје.

– По спроведената инспекциска постапка истите се отстранети, а тротоарот со реконструкција вратен во технички исправна состојба – информираат од Инспекторатот на Град Скопје.

Дејан Димитровски, советник од општина Гази Баба ги повикува жителите само да пријавуваат прекопувања заради постѕавување на подзенма инсталација.

– Ајде сега бидејќи цела општина се прекопува за поставување на кабли, граѓаните кај што се копа во нивна близина да си пријават во инспекција во општината, за да проверат дали фирмите имаат документи. За тоа прекопување фирмите треба да плаќаат, а ние граѓаните да трпиме со недели раскопани улици – вели Димитровски.