EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Легендарниот Шекил О’Нил е разочаран од победата на Никола Јокиќ кога е во прашање МВП наградата.

  • Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам, но сакам прво да го слушнеш ова од мене: „Мислам дека Шаи Гилгеус-Александер требаше да биде МВП, тоа не е непочитување кон тебе, му рече О’Нил директно на Јокиќ и додаде:
  • Не сакам да им ја расипувам забавата на луѓето, но не сум задоволен со ова. Шаи ја заслужи наградата.

На оваа негова изјава се надоврза и Јокиќ

  • Фала, Шек. Овде не ги осудуваме луѓето, па знаеш дека е во ред. Тоа е твое мислење. Мислам дека има многу играчи кои го заслужуваат тоа. Знаеш, веројатно се мали нешта и ситници во прашање, порача Србинот.