Вложени 12.500 евра во СОУ „Славчо Стојменски“

205

Од буџетот на Општина Штип во штипската гимназија  се вложени 6.800.000 денари, од кои за реконструкција на спортското игралиште се инвестирани 2.800.440 денари.

Ова го изјави градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов при увидот во градежните активности во гимназијата СОУ „Славчо Стојменски “.

– Набавени се наставно образовни помагала во висина од 1.400.000 денари, со што училиштето е обезбедено за дигитален вид на настава. Извршена е демонтажа на дотраена подна површина на 12 училници, со поставување на нов паркет и ламинат во висина од 1.230.000 денари- истакна Николов.

Објектот на штипската гимназија е и енергетски ефикасен, бидејќи со пари од општинскиот буџет инвестирано е во набавка и монтирање на нови прозорци со што целото училиште е обновено заради поголема енергетска ефикасност.

– Во сите училиница се променети старите неонски светилки и се поставени нови лед диоди и лед панели со штедливост до 50 отсто за разлика од претходните неонски светили и инвестицијата е во висина од 565.160 денари. Набавен е и нов мебел во висина од 100.000 денари, а исто така е обновен и библиотечниот фонд со 300 нови примероци на лектири и дела во висина од 90.000 денари. Со овие инвестиции значително ќе се подобрат условите за учење на учениците и престој на наставниот кадар- информираше Николов.