Без вода дел од скопската населба Кисела Вода

36

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Димо Хаџидимов“ број 104, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од оваа улица во скопската населба Кисела Вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот, па се до завршување со активностите.