Книга: „Избрани драми“- на Горан Стефановски

92

Денес е одлично време повторно да се прочита Горан Стефановски. Овој драмски избор и овој текст – одблизу и отпосле, се обидува да му оддаде почит и да му даде љубов на авторот Горан Стефановски, но и да им предизвика интерес за неговите драми на новите генерации и читатели и актери и драмски автори и режисери, ученици и студенти, вљубеници во театарот.​

„Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен токму во вакви (не)времиња, поради неговиот отворен дијалог со разнокултурието околу нас, поради неговиот нецензуриран монолог со себе и сопственото творештво, поради неговиот луциден, јасен, интелигентен јазик, поради вонредниот ракопис што ја зацврсти позицијата на македонската модерна драматика и ѝ ја отвори вратата на постмодерната“, ќе посочи издавачот „Полица“.