“Атомските мравки“ по деветти пат ја искачуваа карпата во Карпош

200

По деветти пат викендов на „Алпинистичката карпа“ покрај кејот на Вардар во Карпош се одржа Балканското првенство за деца во качување на вештачка карпа – „Атомска мравка“. На меѓународната манифестација се натпреваруваа над 150 деца од седум различни држави.

Станува збор за олимписки спорт кој е во подем и во нашата земја. Потврда за тоа е и големиот број на учесници од нашата држава, кои покажаа одлична физичка и психичка подготвеност при искачувањето на карпата.

Инаку, во октомври на овој потег ќе започне изведбата на новиот спортско-адреналински парк, во чии рамки целосно ќе се реконструира скејт-паркот, ќе се санира и вештачката карпа, а просторот дополнително ќе биде збогатен со нови терени за фудбал и одбојка на песок, адреналински дел, детско игралиште, сквер и многу повеќе зеленило.

Овој дел ќе биде меѓу најатрактивните спортско-рекреативни зони во нашиот град.