Анчелоти му направи голем проблем на Наполи

124

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не присуствуваше на прес-конференцијата по средбата со Салцбург во 4. коло од Лигата на шампионите. Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, пресметката на „Сан Паоло“ заврши без победник 1:1.

Според „Ла газета дело спорт“ ваквото однесување на Анчелоти може да е резултат на конфликт со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Наполи по четири кола е втор во Е-групата и му треба една победа во последните две рунди за да го потврди пласманот во нокаут фазата од елитното фудбалско натпреварување.