Албанската влада ја спроведе традиционалната крводарителна акција

19
Традицијата за доброволно дарување крв во албанската Влада продолжува и годинава, во знак на, како што велат, човечката солидарност.
Со денешната акција владата се приклучи  на слоганот на Светскиот ден на крводарувањето 2022 “обединете се во напорите и спасете живот”.
Меѓу првите крв даруваше премиерот Еди Рама(58) кој е редовен крводарител веќе две децении.
– Дарувајте крв зашто таа спасува нечиј живот. Знајте дека тоа не е опасно, туку е многу полезно за телото,  рече Рама.
Мобилната екипа на Црвен крст беше сместена во просториите на владината библиотека, а драгоцена течност што живот значи даруваа и вработените во владината администрација.
Освен Рама повеќекратен крводарител е и претседателот во заминување,  Илир Мета.