Акција на чистење на Транспортниот центар и Кејот на река Вардар

41

Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈП „Комунална хигиена“ спроведоа активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

Оттаму информираат дека повторно се случува опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров.

– Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина – велат од ЈП „Комунална хигиена“.