Ако може во Белград да биде 9.000 евра, тогаш може и во Скопје да биде 2.500 евра квадрат

Цените на становите во регионот „полудеа“. Во поновите комплекси во Белград, цената на квадратот достигнува и до неверојатни 8.735 евра! Ништо не е подобра ситуацијата ни во Црна Гора, каде што цените на становите се движат од 4.000 до  8.755 евра за квадратен метар, ни во Хрватска со околу 5.000 евра за квадратен метар. Во понудата на станови во регионот има и такви чии цени надминуваат милион евра. Грција, традиционално, е една од најповолните земји за купување недвижен имот, а забележлива е разликата во цената во однос на Хрватска или на Црна Гора. Имено, според агенциите, стан од 51 м2 во Полихроно на Халкидики чини 135.000 евра. Се поставува прашањето дали високите цени на становите во регионот влијаат врз цените на становите во Скопје, каде што последниве години квадратот во некои населби достигнува и до 2.500 евра

4722

Цените на становите во регионот „полудеа“. Во поновите комплекси во Белград, цената на квадратот достигнува и до неверојатни 8.735 евра! Ништо не е подобра ситуацијата ни во Црна Гора, каде што цените на становите се движат од 4.000 до  8.755 евра за квадратен метар, ни во Хрватска со околу 5.000 евра за квадратен метар. Во понудата на станови во регионот има и такви чии цени надминуваат милион евра. Грција, традиционално, е една од најповолните земји за купување недвижен имот, а забележлива е разликата во цената во однос на Хрватска или на Црна Гора. Имено, според агенциите, стан од 51 м2 во Полихроно на Халкидики чини 135.000 евра.

Се поставува прашањето дали високите цени на становите во регионот влијаат врз цените на становите во Скопје, каде што последниве години квадратот во некои населби достигнува и до 2.500 евра.

– Секако дека се следи трендот на движење на цените на становите во регионот. Инвеститорите си велат, ако може во Белград да биде 9.000 евра, тогаш може и во Скопје да биде 2.500 евра квадрат. Тоа е трговска логика. Но, јас не гледам никаква друга логика. Цените на становите се нереално високи со оглед на фактот дека цената на материјалите и на работната рака во последно време стагнира. Порано цената на квадратот се формираше врз основа на трошоците за градба, а сега некои други фактори се во игра – вели за весникот ВЕЧЕР Никола Велковски, градежен експерт.

Експертите велат дека како што се намалуваат квалитетните локации за градба така и сопствениците ги креваат цените на земјиштето, а инвеститорите – цената на квадратот.

– Ние имаме инвеститорски урбанизам. Им подлегнавме на желбите на инвеститорите и на сопствениците на земјиштето. Не се води сметка за паркинг, паркови, зеленило… Причината за високата цена на квадратот е поради тоа што бизнисот со станови го презедоа инвеститори што не се занимаваат со градежна дејност. Над 80 отсто од фирмите во државата вршат само трговија со станови, чија главна цел е профитот. Тие ја користат ситуацијата со зголемената побарувачка на станови во државата и ги креваат цените. Сè додека е висока побарувачката, и цената на квадратот ќе расте – додава Велковски.

Очекувањата се дека ќе се задржи моменталната цена од околу 2.000 евра за квадратен метар во Скопје, а можно е и да се зголеми доколку се задржи побарувачката на ова ниво на кое е сега.

Во Белград, според податоците на Републичкиот геодетски завод, за последниот квартал од 2023 година, становите во новоградбите во станбените комплекси се продавале по цена од дури 8.735 евра! Ова е една од повисоките цени за квадратен метар во Белград на вода, каде што може да се купи стан и за помалку од 3.050 евра.

И во Црна Гора цените на становите се доста високи. Така, трисобен стан во центарот на Будва, со квадратура од 46 м2, чини 184.000 евра, односно 4.000 евра за квадратен метар. Меѓутоа, кога станува збор за нов стан, цените се баснословни. Така, може да најдете стан во нова зграда, на огласите, за 963.000 евра, односно  за 8.755 евра за квадратен метар.

Грција, традиционално ,е една од најповолните земји за купување недвижен имот, а забележлива е разликата во цената во однос на Хрватска или на Црна Гора. Имено, според агенциите, стан од 51 м2 во Полихроно на Халкидики чини 135.000 евра. Голем стан од 135 м2, на само 200 метри од морето, се нуди за 227.000 евра.

(А.С.)