Популарната Џеј Ло повторно доаѓа во главниот град на Србија. Латино дивата пристигнува на приватна забава на бизнисмен кој за тоа платил ни помалку ни повеќе туку 200.000 евра, дознава српски „Курир“.
Латино дивата на крајот на мај ќе слета со приватен авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде на пистата ќе ја чека луксузно возило кое ќе ја однесе до локацијата каде ќе се организира забавата.
Овој моќен човек веќе организираше забави на кои присуствуваа ѕвезди од светскиот џет-сет, а сега на ред е светски познатата дива да биде меѓу неговите гости. Тоа чини многу пари, но според изворот тој не жали што „го одврзал кесето“.
View this post on Instagram
„Планирано е Лопез да биде на забавата два часа. Се беше договорено преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости. Познато е дека таа слетува на аеродромот околу шест часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата треба да се вози еден час. Таму ќе остане уште час-два, по што ќе се врати во Америка. Нејзиниот тим не побара никакви дополнителни услови, само медиумите да не присуствуваат на настанот, ниту пак гостите да ја вознемируваат со разговор“, изјавил изворот за споменатиот портал.
Холивудската ѕвезда во Србија ќе дојде во придружба на својот тим.
Нејзиниот сопруг Бен Афлек нема да биде со неа, тоа е сигурно. Сите други детали за нејзиното пристигнување ќе бидат познати пред нејзиното пристигнување. Секако, во договорот стои и дека доколку пејачката биде спречена поради некој поголем интерес, има право да го откаже доаѓањето и во тој случај парите ќе бидат вратени“, вели изворот.
Џенифер Лопез по втор пат доаѓа во Србија. Таа имаше концерт во 2012 година во белградска Арена. Потоа даде интервју за медиумите дека е воодушевена од Белград, и дека би сакала повторно да се врати во Србија. Таа желба наскоро ќе се оствари, пишува медиумот.
View this post on Instagram