Џенифер Лопез изминатава година во јавноста најчесто се појавува во друштво со Бен Афлек, но овој пат на социјалните мрежи се појавија фотографии од Денот на благодарноста на кои холивудскаат дива е во друштво со своите две сестри – Линда и Лесли.

Сестрите Лопез се собраа за да го прослават американскиот Ден на благодарноста. На фотографија што ги објави Линда може да се видат среќните сестри Лопез во природно издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynda Lopez (@lyndalopez08)

„Инстаграм против реалноста“, напиша Линда во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynda Lopez (@lyndalopez08)

Во сестринската тројка Лопез, Џенифер е најславната додека Линда и Лесли не се од јавниот свет. Линда е помлада од Џенифер и работи како новинарка во Њујорк, а Лесли е најстарата од сестрите и е вработена како професорка по музика во училиште во Бронкс.